Насловна / ВЕСТИ / ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МАРТИН: Дете од Велес чека трансплантација во Италија, родителите го лекуваат на кредит
loading...

ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МАРТИН: Дете од Велес чека трансплантација во Италија, родителите го лекуваат на кредит

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
4

За Мартин две години се бара донор на коскена срцевина. Фондот за здравствено осигурување одобри повеќе од 150.000 евра за лекувањето, но на семејството му е потребна помош за останатите трошоци

Долги и полни со неизвесност се деновите на 11-годишниот Мартин од Велес, кој боледува од таласемија (вид анемија). Деновите се претворија во месеци откако тој и неговите родители стапнаа во Детската болница во Рим, со надеж дека таму ќе го најдат лекот за тешката болест. Додека децата во овој период од годината го чекаат Дедо Мраз, Мартин чека трансплантација на коскена срцевина – тоа е подарокот што може да му го спаси животот.

Но тој подарок не е завиткан со црвена панделка. Никој не знае колку ќе чека на него. Можеби и до следната Нова година бидејќи поради специфичната структура на крвта, донор за Мартин се бара две години низ цела Европа и не може да се најде. Поради тоа, она што требаше да биде краток престој од три месеци, се оддолжи и ова семејство го ситни шестиот месец во италијанската престолнина. Колку ќе останат таму не знаат, ниту тие ниту докторите. Сѐ зависи од испитувањата.

Ова е тежок период за семејството во кое само таткото е вработен. Но сега и тој мора да е присутен во болницата, каде што заедно со мајката е подложен на низа тестови за компатибилност. Тие ќе покажат дали родителите ќе бидат донори на коскена срцевина за синот.

  • Мартин ја има болеста откога е роден. Додека бевме во Скопје, на секои 20 дена одевме на трансфузија. За десет години направивме преку сто трансфузии. Пред две години, како последица од болеста, докторите му ја извадија слезината. Може да се оштетат и срцето и други органи. Поради тоа, лекарите ни препорачаа трансплантација во болницата во Рим. Две години во банката на донори не се појави донор. Сега нѐ тестираат нас. Има совпаѓање од 50 отсто, но тука прават трансплантација и со толку. Ризикот е голем, но друга можност нема – вели Горан, таткото на Мартин.

Трансплантацијата е на товар на Фондот за здравство, од каде веќе се одобрени 150.100 евра за лекувањето, но останатите трошоци се на грбот на родителите. Сместени се во куќа каде што ги упатила болницата, заедно со уште осум други семејства. Засега престојот е бесплатен, но другите трошоци им се големи – сами купуваат храна, лекови за Мартин… Се потроши кредитот што го земаа за да им се најде за три месеци во Рим. Најлошо е што престојот се продолжува, а поради испитувањата, не смеат да се вратат во Македонија. Ќе седат таму додека не се направи трансплантацијата.

  • Сѐ што можеме да направиме, е да чекаме. Кога ќе завршиме, не знам. Може и една година, може и повеќе. Ако Фондот не ни излезеше во пресрет, лекувањето ќе беше научна фантастика. Но другото останува на нас. Стигнавме дотука и нема назад. Мора да успееме и да ја направиме трансплантацијата – вели таткото.

Досега, еднаш помош им дала Општина Велес. Но лекувањето ќе биде долго и потребна им е помош за да можат да го изодат патот до крај. Во постапка е отворање на телефонски броеви за донации. Во меѓувреме, секој што сака да му помогне на Мартин може да донира на оваа сметка:

Горан Малинов

210501565240840

Тутунска банка

Донации од странство:

MK07210501565240840-IBAN-CODE

SWIFT: TUTUNMK22

Извор: telegraf.mk

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
4

За Ljubomir Pepic

По потекло сум и роден во Велес. Јас сум еден од бифшите блогери.

Провери

Животна драма на познатата Тајчи: Мојот сопруг умира од рак, помогнете ни!

Like Like Love Haha Wow Sad Angry Сопругот на Татјана Камерон Тајчи (46) има рак …

Leave a Reply

Поддржете го Veles Press со кликнување на лајк close[x]