Насловна / ВЕСТИ / Червар: Одмаздата не носи ништо добро, треба да играме и со срце и со памет

Червар: Одмаздата не носи ништо добро, треба да играме и со срце и со памет

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
1

ЕКИПА во Мец,

Стеван Цаневски, Билјана Благоеска Петрушева

Македонија е подготвена за предизвикот што го носи премиерниот дуел на СП против Тунис што утре ќе се игра во Мец, но Лино Червар ги предупреди своите ракометари да не размислуваат за одмазда против стариот познаник, од кого беа елиминирани во предолимписките квалификации.

Добро го анализиравме Тунис, играчите се уште се присетуваат на поразот во Гдањск, кога беше уништен нивниот сон за Рио де Жанеиро. Јас им кажав да не размислуваат за никаква одмазда бидејќи одмаздата вообичаено не носи ништо добро. Имаме против себе силен ривал, знаеме дека се добро воиграни, а сега се посилни и со враќањето на Санаи. Целата игра им се врши околу надворешните играчи, но исто така имаат и извонредно брзи крила кои даваат лесни голови од контранапади. На нас е да покажеме дека сме добра репрезентација и дека можеме да играме против секого. Наше е да играме не само со срце, туку и со срце и со памет, општото расположение кај нас е дека сме подготвени да им се спротивставиме на нивната агресивна игра, ќе им одговориме со истa мера“ – изјави Червар.

Македонскиот селектор вечерва ќе ги објави имињата на 16-те ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап против Тунис, па останува да се види кои тројца играчи ќе го следат премиерниот меч од мундијалот на трибините.

Извор: ekipa.mk

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
1

За Ljubomir Pepic

По потекло сум и роден во Велес. Јас сум еден од бифшите блогери.

Провери

Лазаров искрено: Е сега стварно немаме појма како се вративме…

Like Like Love Haha Wow Sad Angry 11 Кире Лазаров одигра уште еден одличен натпревар, …

Leave a Reply

Поддржете го Veles Press со кликнување на лајк close[x]