Насловна / ВЕСТИ / Потег за аплауз: Кафетеријата „Винил“ ги отвори вратите за премрзнатите кучиња
loading...

Потег за аплауз: Кафетеријата „Винил“ ги отвори вратите за премрзнатите кучиња

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
1

Кафетеријата „Винил“ која што се наоѓа во зградата наспроти Соборниот храм, прва ги отвори своите врати за бездомните кучиња и ја покажа својата хуманост на дело. Вработените денес го примиле во своите простории премрзнатото улично куче да се стопли, а нивната постапка предизвика лавина од позитивни критики и пофалби на социјалните мрежи.

„Пред се’ ви благодариме за покажаниот интерес за нашиот потег да му помогнеме на едно наше пријателче кое во овие зимски услови го пуштивме да седи во нашите простории, едно за да не чува, друго за да му помогнеме да не замрзне надвор, а богами и да ни помогне во чистењето од сабајле“ – велат од „Винил“, бидејќи кучето откако влегло внатре, постојано го лижело подот.

„Би сакале да ги повикаме сите локали, компании и индивидуалци што се во можност во овие екстремни услови да го направат истото и секому кому треба помош да се помогне колку што се може. Ние секако ќе продолжиме да ги поддржуваме сите вакви иницијативи и понатаму и се надеваме дека тоа набрзо ќе стане пракса кај сите нас“ – ни изјави Јован Димитров, дел од персоналот во кафулето.

Околу тоа колку силна порака испратија со хуманиот гест, кажуваат и пораките кои што постојано ги добиваат на својата официјална страница, откако ја постирале фотографијата со новиот гостин. Голем број на љубители на кучиња коментираат дека „Винил“ ќе им стане редовно место за пиење на дневното кафе, поради хуманоста на вработените.

Во соседна Грција, но и во Турција и други земји зафатени од студениот бран граѓаните згрижија голем број на бездомни животни. Во трговски центри и бутици се отворени вратите за премрзнатите животни, се оставаат кутии обложени со топли материјали и храна на улиците, а се апелира и да се пуштаат животните во влезовите на зградите и подрумските простории додека трае леденото време.

Извор: fokus.mk

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
1

За Ljubomir Pepic

По потекло сум и роден во Велес. Јас сум еден од бифшите блогери.

Провери

Животна драма на познатата Тајчи: Мојот сопруг умира од рак, помогнете ни!

Like Like Love Haha Wow Sad Angry Сопругот на Татјана Камерон Тајчи (46) има рак …

Leave a Reply

Поддржете го Veles Press со кликнување на лајк close[x]