Ударни вести
Насловна / ВЕСТИ / СЕ ВРАТИЈА НА ТРЕНИНГ: Вардарки завршија со паузата

СЕ ВРАТИЈА НА ТРЕНИНГ: Вардарки завршија со паузата

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
1

Освен голманките Песоа и Суслина, сите други се јавија на прозивката кај тренерот Давид Дејвис

Ракометарките на Вардар тргнаа со подготовките за вториот дел од сезоната во кој покрај настапите во Лигата на шампионите ќе треба да играат и во регионалната лига. Вардарки в сабота и в недела ќе играат на турнир во Подгорица, а тоа ќе биде старт на мини-натпреварувањето кое ќе финишира во Скопје.

За таа цел денеска беше извршена прозивка, а на неа тренерот Давид Дејвис не можеше да смета на голманките Ина Суслина и Мајса Песоа. Суслина е повредена и уште заздравува после хируршката интервенција, додека Песоа доцни поради лошите временски услови на аеродромот во Истанбул.

Сепак, тука се и помладите ракометарки, па може да се работи без проблеми, а јасно е само дека на мечевите викендов ќе недостига Суслина додека другите ќе бидат во тимот.

Извор: telegraf.mk

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
1
loading...

За Ljubomir Pepic

По потекло сум и роден во Велес. Јас сум еден од бифшите блогери.

Провери

ВИДЕО: Дете пристигнало на училиште со хеликоптер

Like Like Love Haha Wow Sad Angry Хеликоптерот од типот Робинсон R22 Бета слетал во …

Leave a Reply

Поддржете го Veles Press со кликнување на лајк close[x]