Ударни вести
Насловна / ВЕСТИ / Големиот Интер ќе гостува на отворањето на Центарот на Пандев во Струмица

Големиот Интер ќе гостува на отворањето на Центарот на Пандев во Струмица

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry

Според струмичките медиуми на отвoрањето на спортско-рекреативниот центар Пандев во Струмица ќе гостува италијанскиот гигант Интер од Милано.

Подоцна оваа година се очекува да биде финализиран објектот, бидејќи веќе е подигната зградата каде ќе има апартмани, базени, теретани, сауни и фитнес центар. Градежни екипи веќе го расчистуваат теренот каде треба да се изгради фудбалското игралиште.

Горан Пандев потврди дека во август годинава Центарот ќе биде готов и ќе биде отворен со одигрување на фудбалски натпревар, а во завршна фаза се преговорите со неговиот поранешен клуб Интер да ја збогати манифестацијата со која ќе започне со работа.

Клубот на Горан Пандев, Акадeмија Пандев е есенски второлигашки првак и нема да биде изненадување отворањето на новиот центар да го дочека во Првата лига.

Извор: gol.mk

Like
Like Love Haha Wow Sad Angry
loading...

За Ljubomir Pepic

По потекло сум и роден во Велес. Јас сум еден од бифшите блогери.

Провери

ВИДЕО: Дете пристигнало на училиште со хеликоптер

Like Like Love Haha Wow Sad Angry Хеликоптерот од типот Робинсон R22 Бета слетал во …

Leave a Reply

Поддржете го Veles Press со кликнување на лајк close[x]